Топ 5 Android апликации на @banekoma

По мала пауза продолжуваме со серијата постови со топ 5 апликации што ги користат македонските Android корисници.

Денес следува листата со Андроид апликации што ги користи @banekoma. Бане е графички дизајнер и фонт нинџа, а го води дизајн студиото Кома уште од 1993 година.

Топ 5 апликации

  1. Monument Valley - игра со оптички илузии и загатки
  2. Snapseed - професионален едитор на фотографии
  3. Bouncy Bit - заразна игра со скокање
  4. Photo Editor - едитор на фотографии со ефекти, рамки и сл.
  5. InstaFontMaker - лесно креирање на фонтови

Monument Valley

Апликации кои вредат да се спомнат

  1. Cal - едноставен и прегледен календар
  2. Montessori Math - апликација за деца за почетно собирање и одземање

Како бонус може да го симнеш фонтот Bafe кој Бане го направи со помош на InstaFontMaker.

Доколку имаш интересна листа на апликации која сакаш да ја споделиш, пријави се во коментарите или пингај ме на Twitter: @delicon.

Остави коментар