Топ 5 Android апликации

Веќе подолго време конвертирам еден другар од iOS во Android корисник :) па после мал милион прашања стигнавме до прашањето: Кои апликации најчесто се користат на Android? Му кажав дека веќе спремам таков блог пост па ќе може да ги разгледа сите, а ќе му се најде и на некој друг.

Листата што ќе ја споделам е листа на топ 5 апликации што јас ги користам секојдневно, а има и дополнителна листа со апликации кои не ги користам толку често но сепак вредат да се спомнат.

Топ 5 апликации

  1. CloudMagic - Email App - брза и прегледна емаил апликација
  2. Twitter - официјалната Twitter апликација
  3. Facebook Messenger - Facebook месинџер
  4. Instagram - апликација за фотографирање и споделување на фотографии
  5. Swarm - брат му на Foursquare, апликација за споделување на локација

Апликации кои вредат да се спомнат

  1. VSCO Cam - фотографирање со професионални фото филтери
  2. Viber - бесплатни разговори и пораки, преку интернет
  3. Tvtag - споделување и откривање на филмови, серии и сл.
  4. Tasker - автоматизирање на телефонот по време, ден, локација, настан и сл.
  5. SeriesGuide X - следење и споделување на серии и филмови
  6. Google Keep - запишување белешки и потсетување според време и локација
  7. Dropbox - виртуелен хард диск на интернет
  8. Chrome - прелистување на веб страни
  9. Cal - едноставен и прегледен календар
  10. GO Backup & Restore Pro - зачувување и враќање на апликации и податоци
  11. ES File Explorer - работа со фајлови, фолдери, апликации
  12. Pocket (Read it Later) - зачувување на веб страни за офлајн читање
  13. Pocket - зачувување на лозинки, картички, пасоши и сл.
  14. Nova Launcher Prime - лесно прилагодлива алтернативна мобилна околина
  15. Google Authenticator - генератор на кодови за двојно најавување
  16. Hangouts - Google месинџер
  17. Endomondo Pro - личен мобилен тренер за трчање, одење, возење велосипед и сл.
  18. Aviary Photo Editor - моќен едитор за фотографии со фото филтери
  19. SwiftKey Keyboard - интелигентна тастатура за полесно пишување
  20. UCCW - лесно приспособлив виџет за време, дата, временска состојба и сл.
  21. DashClock Widget - лесно приспособлив виџет за време, дата, нотификации и сл.
  22. EZ Weather - временска состојба, прогноза и предупредувања за дожд, снег и сл.
  23. Zite - прелистувач на вести според интерес

Виџети

  1. DashClock Widget
  2. Google Now
  3. Cal
  4. Keep

Во наредните денови следуваат апликации и од други Android корисници. Доколку имаш интересна листа на апликации која сакаш да ја споделиш, пријави се во коментарите или пингај ме на Twitter: @delicon.

Остави коментар