CSS/xHTML уредувачи што не „тежат“ многу
До пред неколку години беше многу интересно и забавно да се има инсталиран Adobe Dreamweaver како апликација што многу ќе ви помогне во совладувањето на програмерските предизвици. Но успехот на NetBeans, Aptana и Eclipse како и други некои што не ги знам (нека ми простат) успешно се покажаа во своите способности. Иако овие апликации како такви се одлични за користење, тоа не значи дека секогаш треба да се користат.
Доколку се мислите во врска со тоа што апликација да користите како „lite“ верзија за уредување и програмирање CSS/HTML, ние би сакале да ви препорачаме неколку:
Уметноста позади популарните игри во 2010
Овој серијал на уметнички дела вградени и проширени во полето на изразување таканаречено „видео игри“, значајно им отвори работа на уметниците и илустраторите насекаде низ светот. Изминативе 20-30 години по ерата на StarCraft работите што се вметнуваат како визуална фреквенција во игрите се фасцинатни. Освен што игрите изгледаат ТОП овие луѓе треба да се грижат и сето тоа да работи беспрекорно. Дипломираните ликовни уметници што редовно им шета раката низ листовите во солидна креативна смисла со задоволство често пати ја бараат индустријата за видео игри како професионално и креативно поле за изразување, да не кажам „кец на десекта“.
За почеток ќе ја отвориме галеријата на две до три игри во еден објавен пост, а за овој денешниот на список се Diablo III, Castlevania – Lords of Shadow и Mass Effect 2. повеќе…
Оптимизација на линкови за Интернет пребарувачи
Деновиве се занимавам со оптимизација на линковите за Интернет Пребарувачи на odgovori.mk па по неколку обиди дојдов до интересна идеја која решив да ја споделам со вас.
Знаеме дека најдобар начин за оптимизација на веб страница за интернет пребарувачи не е само да се напише насловот во title и h1 таговите туку насловот да се наоѓа и во самиот линк. Знаејќи го ова пробав на неколку начини да ги оптимизирам линковите и на крај стигнав до линк како овој:
Стар линк: http://odgovori.mk/?q=230 Нов линк: http://odgovori.mk/q230-Проблеми-со-дигитална-камера
Креирај сопствено „преземи“ копче во Photoshop
Околу дизајн и креирање на графичка содржина на интернет, Delicon блог ќе проба да ви помогне во неколку насоки на креативно изразување. Таквиот пристап, во овој пост, е наменет за корисниците и познавачите на Adobe Photoshop, а темата е веб копче за преземање (download) на македонски јазик.
По вклучување на Photoshop веднаш отварате нов документ што можете да го крстите како сакате, но параметрите и големината треба да се 160×35 px со 72 точки, односно како што е прикажано на чекор_1.
Чекор_1
Компјутер за дизајнери, PC или Mac?
Едно од прашањата околу графичкиот дизајн и веб дизајнот што ги мачи од време на време работниците од оваа индустрија е изборот на машината врз која ќе тегнат помошни линии и правоаголници на мониторот. Полемиката е на маса доколку имате доволно финансии и за двата, недостаток на финансиски средства во изборот на компјутер за работа со апликации како што се Photoshop или Illustrator го пласира PC на прво место. Таквиот начин на работа обично се покажал како фатален по извесен период затоа што алатот е најбитната работа во секоја занаетчиска дисциплина. Купувањето на ефтин компјутер за професионална работа има ефтини делови и како такви пукаат кога ќе треба да дизајнирате билборд или бреднирање на прикола од камион. Но нашата работа не е да се грижиме за „финансиите“ околу купувањето на компјутер, напротив креативците треба да се грижат за нивната креативна работа. повеќе…
Креативни реклами #2
Верувам дека добрата реклама е најбрзиот начин да се пренесе пораката до публиката, а доколку таа е привлечна станува инспирација и за другите. Најчесто рекламата е само реклама, но сепак некои компании се трудат многу за да ја направат нивната промотивна камања уникатна, впечатлива и успешна.
Во продолжение следуваат 10 креативни реклами #2.
Креирај сопствена сликичка („аватар“) со сите нишани
Убавината во користењето на интернет содржините е можноста секој да си се најде каде припаѓа. Тоа го прави преку оставање свој отпечаток на социјалните мрежи, креирање на интернет содржина преку медиуми или сопствен блог и слични активности. Секаде каде што некој корисник се појавува и внесува генералии поврзани со него, највпечатлива е неговата сликичка што директно реферира на неговиот изглед. Повеќето корисници ставаат сопствена слика каде што јасно се гледа нивниот лик, а тоа не е секогаш најдобар избор за сопствено промовирање. Објавувањето на интернет содржини без соодветно внимание се покажа дека може да биде и фатално, заклучок: колку помалку се експонирате како личност веројатноста радарот да ве одмине е поверојатна.
Идејата позади овој блог запис е да помогнам на сите тие што сакаат да си направат сопствен аватар и притоа да си поминат убаво време користејќи ги сервисите што веќе ги има подолго време на интернет мрежата, а притоа нивната фаца нема да биде 100% експонирана
.
Креативни реклами #1
Верувам дека добрата реклама е најбрзиот начин да се пренесе пораката до публиката, а доколку таа е привлечна станува инспирација и за другите. Најчесто рекламата е само реклама, но сепак некои компании се трудат многу за да ја направат нивната промотивна камања уникатна, впечатлива и успешна.
Во продолжение следуваат 10 креативни реклами за оваа недела.
Fly Manta
Разгледување на новата платформа на Blog.mk
Ех се сеќавам порано кога го отворив првиот мој блог на blog.com.mk… па после вториот, и третиот и четвориот…имав многу блогови. Секој со различна содржина. Но не сум некој голем блогер па интересот понча да ми опаѓа и се пренасочив во други насоки.
Наскоро дознав дека нашиот блог сервис доживеал makeover, и тоа се една од најдобрите блог платформи, WordPress. Неможев да издржам а да не го ѕирнам. Новата адреса на Блогерај е www.blog.mk, додека старата (www.blog.com.mk) останува како архива.
Новиот дизајн на Блогерај
