Компјутер за дизајнери, PC или Mac?
Едно од прашањата околу графичкиот дизајн и веб дизајнот што ги мачи од време на време работниците од оваа индустрија е изборот на машината врз која ќе тегнат помошни линии и правоаголници на мониторот. Полемиката е на маса доколку имате доволно финансии и за двата, недостаток на финансиски средства во изборот на компјутер за работа со апликации како што се Photoshop или Illustrator го пласира PC на прво место. Таквиот начин на работа обично се покажал како фатален по извесен период затоа што алатот е најбитната работа во секоја занаетчиска дисциплина. Купувањето на ефтин компјутер за професионална работа има ефтини делови и како такви пукаат кога ќе треба да дизајнирате билборд или бреднирање на прикола од камион. Но нашата работа не е да се грижиме за „финансиите“ околу купувањето на компјутер, напротив креативците треба да се грижат за нивната креативна работа.
Mac
Apple произведува беспрекорни компјутери каде што хармонијата хардвер – софтвер е беспрекорно оптимизирана. Ако го ставиме во ова и изгледот на Mac компјутер со тастатурата и глушецот, комоцијата и кејфот се неопишливи. Работата под такви услови неможе да не биде креативна, таа тече! Затоа секогаш Apple склопка како алат за работа на дизајнерите е број еден избор. Софтверскиот сегмент на една Mac OS платформа е избалансиран и јасен за тоа што треба да биде наменет. Освен што изгледа ТОП постои и мултимедијално нагодување на сите хардверски уреди рачно каде што дизајнерот ја има целосната контрола на неговиот систем. Кога некој дизајнер користи Mac OS секогаш доживува повеќе воздишки и нови искуства за разлика од користењето на PC во истата работа. Брзината при работа на оваа машина е една добра причина зошто дизајнерите го преферираат Apple компјутерот за работа на дизајн затоа што генерлано е потребна во скоро сите сегменти. Да не заборавиме дека повеќето дизајнери се платени за брзината на сработеното одколку за тоа што го сработиле. Самиот компјутер како пакет се стреми да му помогне на дизајнерот да доживее повеќе забава, да дизајнира глатко и уредува со сопствената имагинација.
PC
Овој компјутер повеќе е експлоатиран во бизнис сферата затоа што може да биде поефтин и полесна е размената на информации помеѓу фирми и работници. Но PC е многу блиску до Mac машина доколку не се штеди пари за него кога го купуваме. Денеска истиот софтвер што го има за Mac OS го има и за Windows OS. Предноста во PC компјутерот е што повеќето обични или регуларни корисници полесно можат да се снајдат и има повеќе отворени хоризонти за лесна надоградба за разлика од Apple варијанта. Ококу работата со 3D дизајн дефинитивно би победил PC затоа што софтверските пакети што се прават за него работат и под GNU/Linux, а во тој дел му нема рамен. Плус повеќето 3D софтвери уште имаат проблеми на платформата Mac OS што го исклучува како избор. Неможе компанија што работи 3D анимации и моделирање да си дозволи грешки, нестабилен софтвер и создавање на 3D графика за плус неколку часа. Истиот случај со брзината што ја спомнав погоре е присутна и во 3D дизајнот, а тоа дефинитивно под GNU/Linux па и под Windows е побрзо. Да не заборавиме дека добро склопена PC машина со квалитетни делови и внимателен избор, успешно ќе го изненади секој дизајнер и секако дека може да се рамни со Mac.
Избор
Генерално доколку сме во можност да избираме помеѓу двете повеќето дизајнери како и јас би се одлучиле за Apple компјутерче, но голем број би избрале PC. Кога се купува компјутер, особено во професионална смисла, треба внимателно и посветено да се пристапи во секој дел. Прво најбитно прашање е дали тој компјутер ќе споделува информации со други компјутери, a тие компјутери се веќе PC или Mac? Доколку нема таков проблем треба да се согледа софтверот и дизајн индустријата што ќе се покрива (3D, графички дизајн, веб дизајн, архитектура итн.). Ако се купи Mac само затоа што е извикан, а нема да помага во течно работење на работникот тогаш притисоци и кавги околу рокови и неквалитетно сработени решенија се неизбежни. Пристапот е најбитен кога се купува алата за работа, но треба да се земе во предвид и мислењето односно кредибилитетот на дизајнерот. Сигурно дека директорот помалку знае каков компјутер треба да му купи на својот вработен, ако станува збор за компанија. Секогаш внимателно и пресметано треба да се земат сите променливи што следуваат во иднина и кога се ставени на хартија во две колони треба да се види на која страна натежнува изборот. Таквиот начин на инвестирање во алатот што го купуваме секогаш треба да се практикува, за продуктивноста да се ориентира во самата природа на работата, а не предизвик да биде борбата со компјутерот.
12 Feb, 2010 во 15:13
Фин баланс, ама без краен заклучок. Сепак мислам дека малку непотребно се паничи за споделувањето и компатибилноста. Личнио сум имал повеќе позитивни искуства со поврзување на мрежни прнтери и други компјутери со Mac OS. компатибилноста, ако се знае Mac OS веќе не е проблем.
Вметни во математиката и вируси… и стабилност на оперативниот систем.
Пред извесно врем се изненадив, во Холандија сите Apple ги смеатаат за профи машини и несфатливо е некој да работи дизајн или видео а да не е на Apple. Малку ми беше искривена сликата, баш ми дојде некако криво што на генерално/општо ниво не се свесни дека и PC може врши работа без проблеми
12 Feb, 2010 во 15:41
darko buldioski благодарам за исцрпниот коментар, нема конкретна завршница текстот оти му следува дополнување и имав нешто друго во план ама математиката и вируси може да следи… поздрав