Како да ослободите 1GB простор на вашиот Андроид уред

Доколку сте при крај со просторот на вашиот Андроид уред, овој краток совет ќе ви помогне да ослободите дури и до неколку гигабајти само со чистење на кешот од апликациите и тоа без потреба од инсталирање на друга апликација.

Постапката е следна:

Одете во подесувањата на телефонот (settings), кликнете на Storage, па на Cached data. Кога ќе ви се појави прозорчето со "Clear cached data?" кликнете на OK.

Settings -> Storage -> Cached data -> Clear cached data? (OK) 

Постапката може да е малку поразлична во зависност од уредот што го користите.

Android cache

Оваа опција е достапна од Андроид верзија 4.2.

Со ова се брише кешот од сите апликации. Во мојот случај успеав да ослободам 832MB простор.

Остави коментар