20+ успешно дизајнирани македонски веб страни
Во нашата деликатна македонска средина, изминатаве години изникнаа пристоен број на инспиративни интернет страни. Нашата веб дизајнерска банда прилично добро и соодветно се паркирала во својата креативна кошница. Иако 2009 се покажа како година на криза, за подобрување на интернет просторот дефинитвно немаше криза. Освен што ви нудиме инспиративна збирка и преглед на нивото што генерално сме го достигнале во нашата Македонија, целата приказна се одвива на многу елегантен и удобен начин спакувана од Даниел.
Интернет просторот во последно време интересно се освежува со нови веб сервиси, а тоа го гледаме и во наглата промена на изгледот на многу познати веб страни особено од нашите домашни медиуми. Добро е да се видат како стојат работите, така на купче, за критериумот на нашите креативци да биде повисок и со тоа поквалитетен.
Како и да е се надеваме дека ќе делуваме инспиративно на вашиот креативен нагон, или ќе ви разбудиме убави чувства од убавината што може да се најде на интернет просторот кај нас.
15 Dec, 2009 во 15:10
Благодарност до delicon http://bit.ly/5uA6X2 – од http://oglasuva.me
15 Dec, 2009 во 16:58
Добара листа.
15 Dec, 2009 во 20:34
Јеа, рајт. Да не се бирани по посетеност? Има чесни исклучоци, ама 90% од овие не се ни блиску до „успешно дизајнирани“.
16 Dec, 2009 во 01:35
Тоа што се посетени значи исто некаков успех, затоа се „успешно дизајнирани“, а не се категоризирани со квалитетен и добар дизајн…
Листата опфаќа повеќе критериуми вклучувајки го во поголем дел дизајнот севкупно, добро дизајниран сајт не значи дека ќе ти биде посетуван.
16 Dec, 2009 во 11:15
Ок е листава, со некои исклучоци.
16 Dec, 2009 во 12:32
A тогаш зошто насловот вели „успешно дизајнирани“? Многу од предметите и услугите, особено во Македонија, немаат „успешен дизајн“. Дизајнот секако дека не подразбира добар изглед, но клучно во категоризацијата на дизајнот е функционалноста. Голем дел од наведените сајтови ниту имаат добра функционалност, ниту добар изглед.
Посетеноста, како што и самиот кажа, не укажува на „успешниот дизајн“, ами на неговата посетеност. Социјалниот маркетинг на тие сајтови ги прави тоа што тие се…
Од друга страна ако ја погледаш т.н. „креативност“ на дизајните ќе забележиш дека според функцијата сите си личат поради функционалноста (или нефункционалноста) која ја нудат. Тоа е во ред, но кога станува збор за „креативноста“ — речиси ниеден од овие сајтови нема направено ништо „креативно“ во дизајнот. Сите си личат еден на друг. Почнувајќи од организацијата на содржината до надворешниот изглед, сите ја користат парадигмата на веќе видено.
16 Dec, 2009 во 13:12
Јас во целост се согласувам со тебе act1v8, единствената работа што сакаме да ја презентираме со постов е критериумот што го користат нашите интернет страни за прикажување на некоја содржина. За дали се добри или лоши со дизајнот е многу субјективно и е прашање на вкус, но и во негативна-позитивна конотација битно е да делуваме позитивно, имајќи го во предвид сето ова што веќе е понудено (некој процент) на нашата интернет сцена. Секогаш може подобро, но треба да имаш изграден критериум за добро.
Благодарам за коментарите! Супер…
17 Dec, 2009 во 23:42
Дали некој проверил колку од овие сајтови се направени на Joomla. Ми се чини дека доста ги има и затоа си личат. Ако се направени на Joomla дали воопшто може да се каже дека се некаков успешен дизајн ?!?!?!?
18 Dec, 2009 во 15:42
@Златко
Според тебе значи дека ако јас направам некоја Супер-дупер тема за Joomla, таа нема да има никаков успешен дизајн бидејќи користи готов CMS, а не свој?
3 Jan, 2010 во 19:58
Ви благодариме што го заслуживме местото на овој список.
28 Jan, 2010 во 10:43
Секако има и многу страници кои не се посетени и се сосема нови, уште не се ни комплетирани. Но сепак имаат многу подобар и попрегледен дизајн отколку дел од гореспоменатите. Како што кажа Златко погоре, Џумла е Џумла.
Под дизајн не спаѓа само графичкиот изглед, спаѓа и самиот развој на страната како апликација. Спред тоа што го гледам погоемиот дел се Џумла, а тој CMS не е изработен од нашите веб девелопери.
Еве една страна која ми ја покажа пријател: http://makedonijalive.qsh.eu
Ми кажа да не ја раширувам премногу бидејќи не е завршена и недостигаат многу работи, но таа страна дизајнирана од почеток (како што некаде таму имаше напишано и самиот креатор).
Поздрав
30 Jun, 2010 во 17:04
Navistina fer izbor.