Порака до целото маало…
Откако гостувањево кај Delicon сe виде како занимлива и доста содржајна седенка, а он како добар домаќин. Заедно решивме да си отвориме некоја заедничка софа каде што приказните околу тоа што го ширевме до сега, ќе добие на поголема гласност. По состанокот на одборот се утврди дека местото каде што ќе се собираме е „Лист“ или во превод list.mk. Сите што се заинтересирани од тоа што имаме да го раскажеме таму, нека повелат ќе се гушнеме-стисниме и ќе има место за сите. За тие што имаат, не заборавајте да понесете со себе, Twitter и Facebook членски книшки со вас оти со нив имате одредени бенифиции што можат да ви го подобрат престојот.
Богата спортска интернет сцена – Macedonia
Со голема гордост ќе се пофалам дека Горан Пандев игра во Лигата на Шампионите и во моментов (барем за мене) тој е најголемата Македонска гордост, а ако збориме за споменици би ставил негов, дефинитивно, на плоштадот во Скопје и Струмица. Гоче моментално има голема веројатност да си стави медалче од Лигата на Шампионите во неговата приказна за своите внуци, каде што нашата нација (во комплет) е горда на него. Верувам дека Интер ќе биде Шампион во ЛШ оваа година и ќе видам солзи радосници на лицето на Горан Пандев!
Горан Пандев, во дресот на Интер
12 трендови во дизајнирањето на логоа
Секоја година си носи свои свежи и препознатливи трендови во сите области, така и кај дизајнирањето на логоа. Иако кај логоата важи она дека треба да бидат безвременски и секогаш препознатливи, дизајнерот секогаш мора да биде до тек без разлика дали ги применува новите трендови или ги користи само како инспирација.
Денес со растот на фирми и компании, расте и глобалната конкуренција, сите бараат начин како нивната компанија, производ или услуга да се издвои од големиот број на конкуренти. Свеж, креативен и атркативен дизајн на бренд може и те како да влијае на зголемувањето на профитот на една компанија.
Од почетокот на оваа година неколку стила и трендови јасно се издвојуваат над сите и иако сеуште рано се на добар пат да ја одбележат и цела 2010та.
1. Бранови
Лого во облик на бран денес се почесто се користат. Се карактеризираат со флексибилност и подвижност. Кога се гледаат имате чувство како да се движат, понекогаш и спрема вас, со што ја има блискоста до секој клиент. Чисти, јасни и на прв поглед лесно се паметат.
Прикажување и криење на грешки во PHP
Кога ќе се прикаже грешка на некоја страница таа може да открие доверливи информации што можат да им користат на напаѓачите кои сакаат да и наштетат на истата страница. Постојат неколку начини за криење на грешки, но во овој пример ќе разгледаме како со помош на PHP ќе можеме да прикажуваме грешки само кога ние ќе посакаме.
PHP ни нуди неколку начини на прикажување и криење на грешките:
// Ги крие сите грешки error_reporting(0); // Ги прикажува само едноставните грешки error_reporting(E_ERROR | E_WARNING | E_PARSE); // Ги прикажува сите грешки освен E_NOTICE // Вака е стандардно подесено во php.ini error_reporting(E_ALL ^ E_NOTICE); // Ги прикажува сите грешки error_reporting(E_ALL);
Успешeн AXE EFFECT маркетинг
Од 2003-та АXE го смени концептот на своите реклами, на подобро, мнооогу подобро, каде што „помагаше“ мажите да ги освојуваат жените лесно, со помош на AXE се разбира. Во 2004-та тогашната нова серија на дезодоранси Puls Fragrance помогна на еден гик играјќи да ги освои жените. После ова следуваше Touch, Unlimited, Clix и во 2007-ма Vice им помогна на добрите фини девојки да станат „лоши“.
Како и да е, сигурно секој од вас знае барем една реклама, без разлика дали видео или принт која оставила голем впечаток и сеуште изгледа примамливо. Тоа е AXE Effect.
Овде одвоивме 30 најдобри.
Значењето на CSS3 и неговиот развој
Како што е веќе познато Cascading Style Sheets (CSS) е документ со код што го обликува изгледот на една презентација напишана во markup јазик. Тоа најчесто го среќаваме во изработката на веб страни напишани во HTML и XHTML синтакса, но CSS може да биде применет на сите видови XML документи вклучувајќи ги SVG и XUL. Од „дамнешни времиња“ со појавата на CSS 1, што го препорачува и W3C стандардот, беше познат како „CSS Level 1“ (официјално објавен крајот на 1996). Можностите што ги понуди таквиот пристап на украсување на Интернет содржина овозможи повеќе нивоа на уредување. Располагање со фонтовите и нивната форма заедно со боја како и растојание помеѓу редови и букви, бои на текстови, боја на позадини, маргини и позиционирања и ред други работи. Најбитно е да се напомене дека до ден денес W3C го препорачува CSS1 уште како решение за интернет презентирањето.
повеќе…
Креативни реклами #4
Верувам дека добрата реклама е најбрзиот начин да се пренесе пораката до публиката, а доколку таа е привлечна станува инспирација и за другите. Најчесто рекламата е само реклама, но сепак некои компании се трудат многу за да ја направат нивната промотивна камања уникатна, впечатлива и успешна.
Во продолжение следуваат 10 креативни реклами #4.
Нијансите помеѓу Mac OS X и Windows 7
Како продолжение на објавената статија „Компјутер за дизајнери, PC или Mac?“, ќе се обидам да ја проширам темата во малку подлабок и потесен пристап каде што главните актери овој пат ќе бидат оперативните системи (софтверот што управува со хардверот) Windows 7 и Mac OS X. Како креативец можеби ќе бидам пристрасен кон Apple пакетот, но како подржувач на слободното размислување и слободниот софтвер сигурно дека на прво место за мене е GNU/Linux пакетот. Но слободниот софтвер ќе остане за некоја друга тема, приказната позади овој осврт се суштинските разлики на двата комерцијални оперативни системи.
Вечните ривали Apple и Microsoft
Креативни реклами #3
Продолжуваме со креативните реклами. Овој пат дел од оние кои оставија впечаток уште на почетокот на оваа година.
Зошто олимписките постери се лошо дизајнирани?
Олимписките постери еволуирале доста низ повеќе од сто годишното постоење на Олимписките игри. Но, според многумина меѓу кој и Дејвид Рос, бивш директор на Музејот на Современа уметност во Сан Франциско, станале полоши.
повеќе…